Општини
Јавна трибина во Кочани за избор на локација за спомен-обележје на загинатите во „Пулс“
Во понеделник (12 јануари), со почеток во 17 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи јавна трибина поврзана со иницијативата на Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на загинатите во „Пулс“.
Општина Кочани информира дека заклучно со 11 јануари 2026 година активна е електронската анкета објавена на мЗаедница, преку која граѓаните може да се произнесат по оваа иницијатива. Потребно е заинтересираните граѓани да креираат профил на линкот http://www.mzaednica.mk/ и да дадат одговор на двете поставени прашања.
Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ поднесе барање до Општина Кочани за поставување спомен-обележје на локацијата Стар парк во Кочани, на триаголникот помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“, а Советот на Општина Кочани побара и непосредно учество на граѓаните при донесувањето на одлуката.
јануари 10, 2026


