Connect with us

Култура

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“ чие авторско дело е на Никола Ѓурѓај претседател на македонското друштво „Илинден“ – Тирана и уредник на истоимениот весник на македонски јазик.

Со задоволство и гордост можам да кажам дека од печат излезе моето авторско дело- разгледницата посветена на областа Гора. Ваква разгледница за првпат е изработена во Република Албанија. Содржи 8 фотографии главно со македонски народни носии од овој крај“, вели Ѓурѓај за МИА.

Тој додава дека ова негово дело има значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство.

Засега разгледницата ќе биде дистрибуирана низ цела Република Албанија, претставувајќи значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство на Македонците во Република Албанија“, нагласува тој.

Неодамна излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ исто така авторско дело на Никола Ѓурѓај, која содржи 15 фотографии од селата во овој крај.

Првите изданија на двете разгледницата се отпечатено со финансиска поддршка на семејство Ѓурѓај.

Областа Гора, на северот на Албанија ја сочинуваат 18 села, додека Голо Брдо на албанско- македонската граница, кај Дебар, 22 села. И во двете области живеат главно Македонци.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5