Свет
Екипаж од ИСС предвреме се враќа на Земјата поради здравствен проблем на еден од астронаутите
Четиричлениот екипаж на Меѓународната вселенска станица (ИСС) следните денови ќе се врати на Земјата поради здравствени проблеми на еден од астронаутите.
Тоа ќе биде прва медицинска евакуација на Американската вселенска агенција (НАСА), која не го објави ниту името на астронаутот ниту неговите здравствени проблеми повикувајќи се на приватност на пациентот. НАСА наведе само дека тој „сега е во стабилна состојба“.
НАСА поради здравствениот проблем на астронаутот ја откажа и планираната „вселенска прошетка“.
Американско-јапонско-рускиот екипаж полета кон ИСС во август минатата година и беше предвидено шест месеци да поминат на Меѓународната вселенска станица шест месеци.
Пред време ќе се вратат астронаутите Зејна Кардман и Мајк Финке од НАСА, Јапонецот, Јуи Кимија и Русинот, Олег Платонов. Тоа е четврти престој на ИСС за Финки, втор за Јуи, додека Кардман и Платонов првпат се на ИСС.
Уште тројца астронаути работат во Вселенската станица: Крис Вилијамс од НАСА и Русите Сергеј Михаев и Сергеј Куд-Сверчков, кои пристигнаа во ноември и ќе престојуваат осум месеци.
јануари 10, 2026


