Connect with us

Кошарка

Дурант го надмина Чемберлен и се искачи на седмото место по број на поени во НБА

Кошаркарот на Хјустон рокетс, Кевин Дурант, се искачи на седмото место по број на поени во најсилната лига на светот – НБА.

Рано утрово на гостувањето кај Портланд во поразот од 105:111, Дурант постигна 30 поени.

Вкупниот број на поени во кариерата на Дурант сега изнесува 31.420 со што го надмина легендарниот центар Вилт Чемберлен кој застана на 31.419.

Пред Дурант се: Дирк Новицки (31.560), Мајкл Џордан (32.392), Коби Брајант (33.643), Карл Мелоун (36.928), Карим Абдул-Џабар (38.387) и Леброн Џејмс (42.588).

Во сезоната 2025/26, 37-годишниот Дурант има просек од 26,2 поени, 5,3 скока и 4,5 асистенции за 36 минути.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1