Connect with us

Фудбал

Борнмут инкасираше рекордни 75 милиони евра од трансферот на Семењо во Сити

Манчестер Сити официјално го потврди денеска доаѓањето на репрезентативецот на Гана, Антоан Семењо од Борнмут во трансфер вреден околу 75 милиони евра.
Тоа е рекорден трансфер во историјата на Борнмут, откако Сити ја активираше клаузулата за откуп во договорот на Семењо.
Репрезентативецот на Гана потпиша договор со Манчестер Сити до 2031 година и ќе го носи дресот со број 42, со кој претходно настапуваше Јаја Туре.
„Исклучително сум горд што станав играч на Манчестер Сити. Клубот поставува највисоки стандарди, има врвни играчи, врвни услови и еден од најдобрите тренери на сите времиња, Пеп Гвардиола“, рече Семењо.
Борнмут го донесе Семењо од Бристол Сити во јануари 2023 година за околу 10 милиони фунти, а го напушта клубот по одиграни 110 натпревари на кои постигна 32 гола и додаде 13 асистенции.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 1