Connect with us

Сервисни информации

Зголемено нивото на Вардар во Велес, реката излеана на кејот

Последните обилни врнежи од дожд во изминатите денови предизвикаа зголемување на нивото на реката Вардар во Велес, која денеска е излеана на двете страни од кејот.

На мерното место кај Стариот мост, утрово во 7:30 часот, биле измерени 182 сантиметри, што е за 42 сантиметри повеќе во споредба со вчера, кога нивото изнесувало 140 сантиметри, информираат за МИА од Центарот за управување со кризи.

Критичната точка за целосно излевање на Вардар во Велес изнесува 259 сантиметри, додека просечното ниво на реката за месец јануари во изминатите години било околу 82 сантиметри.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4