Општини
Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет
Поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот систем. Заради безбедност на граѓаните, водата привремено не се препорачува за пиење, соопштија од ЈКП „Пролетер“-Ресен.
Од Јавното комунално претпријатие „Пролетер“-Ресен појаснија дека нарушениот квалитет на водата е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа.
-Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и квалитет, водата ќе биде вратена во редовна и безбедна состојба, нагласија од ЈКП „Пролетер“-Ресен.
јануари 9, 2026


