Connect with us

Свет

Силно невреме во Западна Турција: Прекинат сообраќајот низ Босфорот и Дарданелите

Моќно невреме денеска ја зафати западна Турција, предизвикувајќи локални поплави и сериозни прекини во копнениот и поморскиот сообраќај во областите Истанбул, Едрене, Измир, Чанакале и Самсун, јавија локалните медиуми.

Поради силниот ветер и намалената видливост, поморскиот сообраќај низ Босфорот е целосно прекинат, а повеќето фериботски линии меѓу европскиот и азискиот дел на Истанбул се откажани. Во некои делови на градот брзината на ветерот надминала 70 километри на час.

Во истанбулскиот кварт Бахчелиевлер паднато дрво повредило пешак, додека во населбата Бакирќој дрвја паднале врз четири возила. Слична е состојбата и во Чанаккале, каде е запрен сообраќајот низ Дарданелите.

Локални поплави се регистрирани во градот Едрене, во близина на границата со Бугарија, како и во црноморскиот округ Самсун. Турската метеоролошка служба издаде предупредување за опасно време, а рибарските чамци во Измир денеска останаа во пристаништата поради високите бранови. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1