Хроника
Штипјанка измамена од лажен лекар
Во новата година, нов случај на измамено возрасно лице во Штип. Но, во овој случај 77-годишна штипјанка е измамена од лажен лекар. Од СВР-Штип информираат дека на 07.01.2026 во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 700.000 денари.
Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Лицето ѝ ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однела на договореното место. Исто така, според пријавеното, подоцна во нејзиниот дом дошла нејзината внука и заедно ја контактирале нејзината сестра, при што сфатила дека била измамена.
Од СВР-Штип информираат дека се преземаат мерки за проаноѓање на сторителот и за расчистување на случајот. Претходно имаше случаи во кои граѓани беа измамени од страна на лажни полицајци или лица кои се претставувале дека се членови на семејствата на жртвата во сообраќајни несреќи
јануари 9, 2026

