Фудбал
ПСЖ по изведување на пенали до Супер купот
Европскиот првак ПСЖ по изведувањето на пенали успеа да триумфира во францускиот Супер куп против Олимпик Марсеј. Фудбалерите на ПСЖ славеа со 4:1 во пенал серијата, откако натпреварот заврши 2:2.
Со голот на најдобриот светски фудбалер Усама Дембеле во 13.минута ПСЖ поведе со 1:0. Но, Мејсон Гринвуд реализираше пенал за Олимпик во 76.минута за 1:1. Тимот од Марсеј поведе во 87.минута со 2:1 по автоголот на Вилијам Пачо, а на 2:2 изедначи Гонзало Рамош во 90+5 минута.
При изведувањето пенали фудбалерите на ПСЖ ги реализираа сите четири, кои и ги шутираа, додека кај Олимпик Марсеј од три пенали само еден беше реализиран.
јануари 9, 2026


