Connect with us

Општини

Отворена новата детска градинка „Сончогледи“ во Гевгелија – Мицкоски ги охрабри младите семејства за новороденче повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Сончогледи“ во Гевгелија.

Ligjet nga axhenda e reformave, zgjedhja e Avokatit të Popullit, shfuqizimi i qeverisë teknike janë ndër çështjet që kryeministri dhe lideri i VMRO-DPMNE-së, Hristijan Mickoski, do t'i propoz

Премиерот ја поздрави реализацијата на проектот и нагласи дека Владата интензивно работи на комплетна стратегија и план за финансирање во делот на детската заштита посочувајќи дека процесите што биле блокирани во минатото се одглавени во текот на 2025 година. Тој нагласи дека приоритет на Владата се семејната политика и грижата за најмладите и ги повика младите брачни парови да се „охрабрат и да се одлучат за новороденче повеќе“.

– На младите останува иднината, а ние сме тие што треба да ја направиме таа иднина поперспективна. На голем број брачни парови им се олеснува функционирањето, а истовремено се охрабруваат да се одлучат за новороденче повеќе. Како што говоревме и претходно, интензивно работиме на комплетна стратегија и план за финансирање во делот на детската заштита. Тоа можеме да го потврдиме со фактот дека веќе во 2026 година се отвора четвртата градинка. Сите процеси што биле заглавени поради разни причини во минатото се одглавени, а резултатите ги гледаме денес, градинки што стануваат реалност за децата, рече Мицкоски.

Ова е четврта градинка што е пуштена во употреба од почетокот на годината, додаде премиерот, посочувајќи дека се во завршна фаза и оние што се почнати кон крајот на 2024 и во текот на 2025 година.

– Многу од проблемите што во минатото ги следеа овие проекти се отстранети, засилена е динамиката на изградбата, а истовремено интензивирано е примањето нов лиценциран кадар, нешто што претходно беше закочено, рече премиерот.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Сарамандов, пак, истакна дека по неколку децении, градот добива нова детска градинка со капацитет да згрижи 135 деца. Сарамандов посочи дека проектот е резултат на добрата соработка помеѓу локалната самоуправа и Министерството за социјална политика, демографија и млади.

– По неколку децении, градот добива нова детска градинка – овој прекрасен објект, кој во иднина ќе згрижи 135 деца. Проектот е реализиран како резултат на добрата соработка меѓу локалната самоуправа и Министерството за социјална политика, демографија и млади. Министерството ја финансира изградбата на објектот со 40 милиони денари, а Општината изврши целосно внатрешно и надворешно уредување и опремување со седум милиони денари од сопствениот буџет, изјави Сарамандов. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2