Општини
Општина Свети Николе објави повици за одбележување настани, јубилеи, манифестации и за стари фотографии и документи
Општина Свети Николе објави два јавни повици со цел прибирање, архивирање и промоција на културното и историското наследство, како и унапредување на туристичкиот развој на општината.
Првиот јавен повик се однесува на доставување предлози и податоци за настани, манифестации, јубилеи и истакнати личности кои имаат значење за културниот, традиционалниот, верскиот и општествениот живот во Општина Свети Николе.
Вториот јавен повик е наменет за доставување фотографии или документи кои ја отсликуваат историјата, културата, природните убавини и традиционалните вредности на општината.
Како што е наведено на веб-страницата на Општина Свети Николе, овој повик се реализира во рамки на Активност бр. 12 – Продолжување на Јавен повик за фотографии за промотивен материјал, утврдена во Програмата за активности на Општина Свети Николе во областа на Локалниот економски развој за 2026 година.
Фотографиите од Свети Николе често се наоѓаат во семејни албуми, лични архиви, книги или на социјални мрежи. Со цел да се соберат овие вредни моменти на едно место, Општина Свети Николе ги повикува граѓаните да достават фотографии или документи кои ја отсликуваат историјата, културата, природните убавини и традиционалните вредности на општината.
-Општина Свети Николе објавува Јавен повик за доставување фотографии од старо Свети Николе, со цел прибирање и архивирање на фотографии со мотиви од минатото, како и нивна употреба за изложби, публикации, дигитални содржини и промоции на културното и историското наследство на општината. Целта е прибирање на фотографии кои ја доловат уникатноста на Свети Николе, посебно: старо Свети Николе, историски и културни дејци/лица; Инфраструктурни и економски објекти (занаетчии, фабрики, продавници, претпријатија); урбани детали, градежни објекти, пејзажи и панорами; манифестации и други значајни настани. Секој друг вид фотографии за подготовка на изложби, публикации и промотивен материјал, велат од Општина Свети Николе.
Фотографиите можат да се достават по електронски пат, но и во просториите на Општина Свети Николе, каде што граѓаните ќе добијат асистенција при пополнување на формуларот.
јануари 9, 2026


