Connect with us

Сервисни информации

МТСП: Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и за попреченост

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на социјалните права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за декември 2025 година.

Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Денеска може да ги подигнат средствата во сите отворени филијали и експозитури на банките, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3