Фудбал
Луис Енрике не продолжува со европскиот првак
Актуелниот европски шампион ПСЖ најверојатно во следната сезона ќе има нов тренер. Според француските медиуми шпанскиот тренер донел одлука да не го продолжува договорот со францускиот шампион.
Понудата од клубот била и доживотен договор, па така на крајот на сезоната по истекот на договорот Енрике си заминува од Париз. Тој ланската сезона постигна брилијантни резултати со ПСЖ.
Оваа негова одлука се поврзува со негово потенцијално заминување во некоја друг голем европски клуб или преземање на некоја репрезентација по завршувањето на Светското првенство.
Луис Енрике ќе биде запаметен по тоа што под негово водство ПСЖ конечно ја освои титулата европски првак.
јануари 9, 2026

