Connect with us

Култура

Карневалските празнувања во Струмица ќе се одржат од 18 до 25 феверуари

Годинава карневалските празнувања во Струмица ќе се одржат од 18 до 25 февруари, а традиционално тие почнуваат со предавањето на клучот на градот од градоначалникот на карневалистите, беше соопштено денеска на прес-конференција.

Според градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, Струмичкиот карневал е вековна традиција, симбол на Струмица и препознатлив белег на културниот идентитет.

-Оваа наша жива традиција со векови ги обединува граѓаните, ги привлекува посетителите и ја промовира Струмица како град на културата и креативноста. Струмица вложува надеж во нова енергија, која карневалот годинава ќе ја добие со новиот Организациски одбор. Како и нивните претходници, така и сегашните оваа година пристапија со големо внимание и одговорност во подготовките. Затоа, струмичката јавност очекува нивната работа да донесе свеж пристап и квалитетна програма, да донесе уште поголема видливост на карневалот во земјата и надвор од неа, истакна Јанков.

Според Танкица Стојанова, претседателка на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал,г одинашната програма содржи голем број настани, а главната карневалска вечер ќе се одржи на 21 февруари (сабота).

-Годинава наместо концерт под маски, кој нема да се одржи, имаме карневалски мјузикл, кој ќе се одржи во НУЦК „Антон Панов“. Во петок на 20 феврури ќе се одржи традиционалниот маскнебал, на кој се избира принц и принцеза на Карневалот. Новитет на главната карневалска вечер е што ќе имаме концерт на Плоштадот „Гоце Делчев“ каде граѓаните и учеснциите на карневалот заедно ќе се забавуваат, рече Стојанова.

Таа додаде дека на Прочка ( недела, 22 феверуари) е Детскиот карневал, а наредниот ден ќе бидат објавени наградените маски од главната карневалска вечер. Ќе се одржи и традиционалната манифестација Чист понеделник кога се вари и консумира бел посен грав. Вечерта ќе биде отворена Интернационалната изложба на карикатура и афоризам, а на најуспешните во двете категории ќе им бидат доделени наградите.

На 24 февруари празнувањата продолжуваат со карневалско корзо и доделување на наградите од главната карневалска вечер, а годинава Струмичкиот карнеал завршува со одбележување на празникот Тримери и враќање на клучот од градот од страна на карневалистите на градоначалникот.

Организаторите информираа дека пријавувањето за учество на карневалските групи од земјава трае до 5 февруари, а за тие од странство рокот е до 15 февруари.

За одржување на годинашното каерневалско издание е планирано да се потрошат 3,7 милиони денари од општинсата каса, а се очекува и финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4