Connect with us

Фудбал

Арсенал влегува во трка за англискиот репрезентативец

Лидерот на Премиер лигата Арсенал според британските медиуми влегува во трка за трансфер на англискиот репрезентативец Марк Геи. Играчот летово беше пред премин во редовите на шампионот Ливерпул, но во последен момент на последниот ден од периодниот рок менаџерот на Кристал Палас Оливер Гласнер го стопираше преминот.

По повредите на последните дуели во редовите на Манчестер Сити на Јошко Гвардиол и Рубен Диас, „граѓаните“ покажаа сериозен интерес за ангажман на Геи во овој преоден рок.

Но, сега за ангажман на играчот интерес има и од менаџерот на Арсенал Микел Артета. Трансфер на Геи во јануари значи и плаќање обесштетување за неговиот сегашен клуб Кристал Палас, но во јуни играчот е слободен во изборот на клубот.

Влегувањето на Арсенал во трката за играчот ги компликува работите, особено што и Ливерпул се уште го планира во своите редови

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4