Сервисни информации
Зголемени водостоите на реките во кумановско, но нема излевања
Нема дојави од граѓани за излевање на реките во кумановско, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Обилниот дожд и незначителните снежни врнежи, сепак го зголемија водостојот на реките во регионот.
-Нивото на Крива река е 64 сантиметри и е над просекот за овој период кој изнесува 26. Сепак, очекуваме опаѓање. Просекот на реката Пчиња е 84 и е надминат. Очекуваме да се задржи истиот водостој и за утрешниот ден, изјави директорот на АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, Дарко Живковски.
Според мерните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи, водостојот на Пчиња двојно нараснал изминатото деноноќие и утринава изнесува 84 сантиметри, во споредба со вчера измерените-42. Просекот за овој период изнесува 50 сантиметри.
јануари 8, 2026


