Connect with us

Сервисни информации

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).

Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.12.2025 до 02.01.2026 зема 147 примероци за физичко-хемиска и 147 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во соопштението.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3