Свет
Трамп: Американскиот надзор врз Венецуела може да трае со години
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека „само времето ќе покаже“ колку долго САД ќе го задржат надзорот врз Венецуела.
На прашањето на „Њујорк тајмс“ дали тоа ќе трае три месеци, шест месеци, една година или подолго, Трамп одговори: „Би рекол многу подолго“.
Трамп додаде дека САД ќе ја „обноват Венецуела на многу профитабилен начин“, наведувајќи дека ќе користат и продаваат нафта за да ги намалат цените и да обезбедат пари што на Венецуела „очајно ѝ се потребни“.
Американскиот претседател, исто така, рече дека САД „се сложуваат многу добро“ со владата на привремената венецуелска претседателка Делси Родригез.
Во вторникот, Трамп откри план за рафинирање и продажба на до 50 милиони барели венецуелска нафта, која претходно беше блокирана во земјата поради американските санкции, што, според него, покажува координација со привремената влада на Венецуела.
„Тие ни даваат сè што мислиме дека е потребно“, рече Трамп.
јануари 8, 2026


