Фудбал
Мареска: Победите секогаш ќе ги носам во моето срце
По заминувањето од Челзи, италијанскиот тренер Енцо Марсека ја даде првата изјава по напуштањето на клубот. Тој напомена дека заминува мирен, а клубот го остава таму каде што му е местото.
– Моето „патување“ во Челзи почна со натпревари во Конференциската лига, а воедно сакам да им се заблагодарам на навивачите кои ми ја даваа поддршката во изминативе 18 месеци. Таа поддршка беше клучна за пласман во Лигата на шампионите, освојување на Конференциската лига и Светското клупско првенство. Победите секогаш ќе ги носам во моето срце, изјави Мареска.
Посебна благодарност тој упати до играчите, на кои им посака успех во вториот дел од сезоната.
јануари 8, 2026


