Connect with us

Фудбал

Галатасарај се подготвува за трансфер од Премиер лигата

Турскиот великан Галатасарај според медиумите од Турција почнал преговори со играч од редовите на премиерлигашот Манчестер Сити. Станува збор за португалскиот репрезентативец Бернардо Силва.

Искусниот фудбалер на крајот од сезоната му завршува договорот со „граѓаните“ што значи дека како слободен играч може да замине од клубот. Токму тој факт ги зголемува неговите шанси за трансфер во турскиот тим.

Силва (31 година) имаше исклучително богата кариера со трофеи во редовите на Манчестер Сити и долго време е играч од „доверба“ на менаџерот Пеп Гвардиола. Носењето на португалскиот репрезентативец за Галатасарај ќе претставува потврдување на големите амбиции како во европските натпревари, така и во Турција.

Турските медиуми информираат дека веќе имало контакти со играчот за финансиски и спортски детали на договорот. Но, Силва се нема изјаснето за трансфер на Босфор, иако во повеќе наврати се споменува негово заминување од Англија. Реално е да се очекува трансфер ако се случи да биде реализиран во летниот преоден рок. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3