Општини
Обилниот дожд не ја спечи радоста во Дебар, малите бадникари низ градот ја пееја „Вечниот Бог“
Обилниот врнежи од дожд кои непрекинато врнат во Дебар, не ги спречи малите бадникари да ја продолжат традицијата и да ја одржат бадниковата поворка на радоста. Поворката ја сочинуваат деца од градот, како и оние дојдени за празникот, кај своите баби и дедовци и неколку од долнореканските села, Битуше и Велебрдо, но имајќи го во предвид малиот број православни бројот на децата беше помал, кој се намалува секоја година.
Како и изминатите години тргнаа од кај кружнот тек, во близина на општинската зграда, минаа низ главната и неколку споредни улици во градот, пеејќи ја ангелската песната „Вечниот Бог“, носејќи во рака пештера – симбол на витлеемската пештера, во која е роден Исус Христос, изработена од вредните раце на сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“.
Во црквата „Света Петка“ ги дочека намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски, кој срдечно, ним и на другите присутни верници им го честита големиот празник, Христотовто раѓање-Божик.
-Иако, нас православните не има се помалку по број, продолжуваме со традиците. Песната „Вечниот Бог“, одекнуваше низ улиците. Срцето ми се исполни со радост а душата ми ја стоплија овие мали ангелчиња, рече за МИА, Весна Миновска, која гордо го следеше внукот Симон, кој со родителите живее во Гевгелија а за празниците се тука.

За празниците во родните огништа, пред се во селата Лазарополе, Тресонче, Мелничани, Битуше, се голем број поранешни жители и нивните потомци. Како што објавија од месната заедница
Лазарополе, синиќа бил запален коледарски оган а денеска група дечиња-коледари ги посетила домовите на оние кои се тука.
Инаку, во црквата „Света Петка“ денеска ќе биде одржано Претпразненство на раѓањето Христово, утре на Христовото раѓање во 7:15 часот златоустова литургија, а богослужби ќе има и следните два дена.
Во Бигорскот манастир каде божиќните празнувања почнаа вчера, денеска, во предвечерието на големиот празник од 19 до 20:30 часот ќе има Бадникова закуска со пеење на Божикни каланди.
Во 21 часот почнува сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово, Големо повечерие со Литиски и Стиховни, Утрена и Божествена Василева Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.
јануари 7, 2026


