Вести
Николоски објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево: 40 километри се ставени во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 км од автопатот се ставени во функција.
-Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. Четириесет километри се веќе во функција.Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ, напиша Николоски на Фејсбук.
Тој честита на сите вредни работници кои се посветиле на неговата изградба.
-За многу години Божиќ и Бадник!, објави вицепремиерот Николоски.
јануари 7, 2026


