Connect with us

Општини

Коњановски: Вербата во Бога и традицијата се вредностите на кои почива нашето самобитие

Вербата во Бога и традицијата се вредностите на кои почива нашето самобитие, истакна градоначалникот Тони Коњановски кој заедно со најмладите битолчани учествуваше на Бадникова поворка.

Традиционалниот настан почна од плоштадот „Магнолија“ и со песната „Вечниот Бог“ се пееше низ Широк сокак до Офицерски дом во Битола.

– Општина Битола и годинава покажа дека оваа традиција е блиска до народот, особено до најмилите и најмладите, кои од мали ги учат вредностите и тие ќе ги запазуваат и применуваат во иднина, истакна градоначалникот Коњановски.

Учесниците на денешната Бадникова поворка од градоначалникот добија пригодни Тони Коњановски Бадникови подароци.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1