Connect with us

Општини

Кај и да си’, за Бадник и Божиќ дома да си, велешани и годинава ги подолжуваат вековните традиции

Многуте обичаи и традиции за Коледе Бадник и Божиќ во Велес се одржуваат низ вековите се до денес, го пренесуваат раѓањето Исусово со длабока порака за раѓање на животот како смисла на човековото постоење и ширење на љубов, радост и милосрдие меѓу луѓето.

Во Велес важи правилото каде и да си за Бадник и Божиќ дома да си со најмилите, седнати на заедничката посна трпеза.  И  вечер на Бадник и  по традиција во Велес  во семејствата  ќе се дели  Бадниковото лепче со париче.Тоа  се дели на толку делови  колку што  членови има семејството,а има и парче леб  за Бог и за куќата,а ако се падне во тоа парче на  Бог ќе го штити и чува семејството.Тој   што ќе го најде паричето  се верува дека во таа година ќе го прати  голем успех   и среќа, а воедно среќата и бериќетот ќе  им го  шири  и на останатите свои најблиски  од семејството.

Спроти Бадник вечерта низ велешките маала се палат коледарските огнови.Се собираат комшии, пријатели, другари,семејствата, се пеат песни, се јаде и пие,се пее и игра.Иако црквата не го одобрува палењето на коледарските огнови сметајќи дека тоа се останати пагански обичаи, сепак традицијата на велешани и годинава продолжи.Така  беше и во изминатата вечер низ велешките стари и нови градски маала  со палењето на  Коледарските огнови се продолжи вековната традиција, а огновите во некои маала  продолжија и утрово се до пладне.

Размислувањата на велешани и млади и возрасни кои палат коледарски огнови со семејствата пријателите и децата во овие тешки времиња, сите  пренесуваатпорака на заедништо, сплотеност и дружење.

Доаѓањето на Бадник и Божиќ и раѓањето Христово уште рано утрово според старата велешка традиција го наговестија најмладите – децата –Коледарчиња со торби кои ги посетија домовите пеејќи  ја  традиционалната песна „Коледе леде паднало греде“. Велешките домаќинки  на големата радост која им ја донесоа на нивните семејства, според вековните велешки традиции ги даруваа  со домашно подготвени колачиња,како и на оние најстарите велешки од тесто  подготвени  во облик на мали гугутчиња . Ги даруваа и со јаболка, портокали, ореви и мигдали, бонбони   и париче. 

Ден  претходо а  некои и денеска, ако не успеаја да си купат низ градот  одеа  до блиската околна шума околу градот и на ридовите над велешко езеро „Младост“ да скинат бадникови гранчиња и да го закитат својот дом и посната трпеза.

Воедно денеска веќе 10 година по ред Повардарската Епархија со седиште во Велес и Општина Велес  организираа Бадникова поворка низ велешките улици, а која започна со Света Василиива литургија во градската црква „Свети Кирил и Методиј“, а со која чиноначалствуваше  Митрополитот Повардарски Агатангел,а кој ги даруваше дечињата со Бадникови гранчиња. и пакетчиња.

По ова беше формирана Бадникова Литија на која децата ја пееја песната „Вечниот бог“ минувајќи низ велешките главни улици  се“ до Општина Велес.Таму беа пречекани од градоначалникот Марко Колев и исто така беа  дарувани со божиќни пакетчиња.Децата со својата песна и денеска ширеа радости и среќа со порака за среќа заедништво, сплотеност и мир меѓу  луѓето навестувајќи го скорешното раѓање на Исус Христос на Божиќ.

Општина Велес годинава првпат на плоштадката   пред Театарот во Велес постави импроизирана пештера  на која е претставено раѓањето Исусово и тројцата мудреци и во позадина  се слуша пригодна музика.Таа деновиве предизвика интерес кај велешани ко дојдоа да ја видат и се сликаат пред неа со семејствата.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2