Општини
Бадникови и божиќни пакети обезбеди Општина Штип за социјално ранливите семејства
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска петти пат организираше доделување бадникови и божикни пакети за социјално ранливите семејства. Двеста пакети за Бадник и Божик им беа доделени на семејства кои не можат да си обезбедат бадникова вечера или божиќна трпеза и со цел сите граѓани да можат достоинствено да ги дочекаат празниците. На ваков начин, преку солидарност, се помага на оние на кои им е најнеопходно.
-Веќе петта година по ред Општина Штип заедно со општествно одговорно компании создава Божиќни пакети со намирници во пресрет на бадниковата вечера. Преку урбаните заедници ќе бидат доставени до ранливи категории семејства, изјави Јорданов.
Преку урбаните заедници во Штип пакетите со прехранбени производи се поделени на самите семејства. Ова е од големо значење бидејќи никој нема да остане со празна празнична трпеза.
Во пресрет на божиќните празници од Општина Штип им посакаа здравје, среќа и бериќет на сите граѓани.
јануари 7, 2026


