Connect with us

Општини

Бадниковата поворка во Штип го најави Христовото раѓање

Пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ голем број дечиња, младинци денеска го најавија Христовото раѓање. Од соборниот храм „Свети Никола“ со пештерката во раце, љубов во срцата, чиста мислам и песна, по улиците во Штип се разнесе радосниот детски глас кој симболизира надеж, заедништво и сплотеност. Поворката пристигна на плоштадот „Слобода“, каде дечињата беа пречекани од страна на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

-Пеејќи ја песна „Вечниот бог“, најавувајќи го христовото раѓање, носејќи ја радосната вест по улиците на нашиот град вие сте симбол на надеж, на заедништво, на солидарност и во име на тоа посакувам во пресрет на христовото раѓање да има заедништво, сплотеност, единство, рече Јорданов.

Бадниковата поворка во Штип се организира традиционално девета година по ред. Дечињата со жолти ѕвездички кои ја симболизираат витлеемска песна, ја продолжуваат вековната традиција.

– Бадниковата поворка традиционално и оваа година тргна од црквата Свети Никола доаѓајќи тука на плоштадот Слобода каде децата продолжуваат да ги пеат бадниковите и божиќни песни. Ѕвездичките кои ги држите во раце се симбол на витлеемската ѕвезда која го осветлува патот на мудреците до местото на раѓањето христово, вели Милена Ристова – Михајловска од организацијата за Бадниковата поворка во Штип.

На плоштадот „Слобода“ беа поделени новогодишни пакетчиња на сите присутни дечиња.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4