Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го брани Мадуро затоа што е вмешана во венецуелските милиони и криминалот со Еуростандард

СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата. СДС е на страната на Мадуро а има и зошто бидејќи за време на владеењето на СДС во Македонија пристигнале 110 милиони евра од Венецуела, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Високи поранешни и сегашни функционери на  антимакедонската СДС се вмешани во овој криминал.

Во 2019 година, 110 милиони евра од Венецуела под меѓународни санкции влегле во Македонија преку нерезидентни сметки во Еуростандард банка.

Парите пристигнувале во период кога во Венецуела имало крвави протести и засилени санкции против режимот на Николас Мадуро. Ова се податоци од извештајот за пропаѓањето на Еуростандард банка изготвен по нарачка на Трифун Костовски.

Еуростандард банка била канал за пробивање на санкциите, што го алармирало Финансиското разузнавање и довело до постапка.

Според извештајот, 10 милиони евра од овие средства биле дадени како кредити на „најекспонирани“ или „омилени“ клиенти на банката.

Народната банка во август 2019 година наложила прекинување на релациите со сомнителни нерезидентни клиенти поради ризик од перење пари.

Во извештајот се наведува дека раководството на Еуростандард барало заем од 17 милиони евра директно од Венецуела за рекапитализација на банката.

Претседателот на Управниот одбор, Николче Петковски патувал во Венецуела за преговори за заем, но без успех.

Директен учесник во пропаѓањето на Еуростандард банка се Заеви. Таму кредити без покритие земал братот на Зоран Заев, менторот на Филипче, Вице Заев.

29 фирми од Струмица меѓу кои и Сарај Инженеринг на Вице Заев како и Глобал медиа груп и Тритерол кои се фирми на бизнис партнерите на Заеви земале кредити без покритие и со невраќање се стекнале со богатство од 13 милиони евра.

СДС не може да бега од фактите и вистината од нивното криминално владеење.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5