Регион
Мета останува во притвор, адвокатот нуди свој имот како гаранција бидејќи поранешниот албански претседател не располага со ништо
Поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, останува во затворски притвор, откако денеска Специјалниот суд против корупција и организиран криминал, го отфрли барањето за изрекување поблага безбедносна мерка.
СПАК ги затвори истрагите на 28 јули минатата година, додека досието го предаде на суд кон крајот на август, досие што вклучуваше три истраги во една, аферата ЦЕЗ-ДИА, лобирањето на неговата партија во САД и истрагата за потекло на имот.
Досието ја опфаќа и неговата поранешна сопруга Моника Круемади и уште три лица. Тие се соочуваат со обвиненија поврзани со пасивна корупција, перење пари, непријавување имот и корупција на високи функционери.
Мета во затворски притвор е од октомври 2024 година, додека Круемади е под мерката „задолжително појавувањето судот“.
Мета барања за поблага безбедносна мерка достави до и до други судски инстанци, но истите беа одбиени.
По излегувањето од судот неговиот адвокат Кујтим Цакрани рече дека нуди дел од неговиот имот како гаранција за Мета, бидејќи тој „нема ниту средства, ниту каков било имот“.
– Мета не може да обезбеди финансиска гаранција за излегување од затвор бидејќи нема ниту средства, ниту каков било имот. Подготвен сум да понудам дел од мојот имот за да го исполни овој критериум, изјави адвокатот.
Пред да ја почне истрагата СПАК, сопружниците Мета – Круемади, кои се сметаа за идеален брачен пар и имаат три возрасни деца, кои се школуваа во Лондон, неочекувано почнаа бракоразводна парница. Во тоа време Мета прибежиште најде во седиштето на партијата, а имотот што го поседуваа наеднаш стана сопственост на семејството Круемади, а дел кој остана на име на Моника, подарок од нејзините родители.
јануари 6, 2026


