Connect with us

Регион

Маќедоници: Косово ги зајакнува одбранбените капацитети поради безбедносна закана од Србија

Косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедоници најави дека во одбранбената индустриска зона во Јахоц, Ѓаковиц, на површина од 133 хектари, ќе се изгради фабрика за муниција во соработка со турската компанија МКЕ.

Тој додаде дека до крајот на годината во фабриката ќе се произведуваат два НАТО калибри муниција, а погоните и опремата ќе бидат во согласност со НАТО стандардите.

– Косово ги зајакнува сопствените одбранбени капацитети поради безбедносната закана од Србија, истакна Маќедоници.

Според него тоа е неопходно, бидејќи Србија претставува безбедносен предизвик за Приштина, поради тоа што според српскиот Устав, Косово е дел од Србија.

Маќедоници наведе дека Косово инвестирало околу 430 милиони евра во одбранбениот сектор во изминатите неколку години, вклучувајќи ја и набавката на беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ и „РК-20 Пума“, камикази дронови и разни противоклопни системи како што се „Џавелин“, „ОМТАС“ и „Панцерфауст 3“. Косовските безбедносни сили, исто така имаат минофрлачи со калибар 120 милиметри, како и оклопни и тактички возила од западни производители.

Тој како причина за зголемување на инвестициите во армијата ги наведе нападот во Бањска во 2023 година и други „дестабилизирачки активности на Србија“.

Маќедоници посочи дека Косово го набавува оружјето, најмногу од САД и Турција, но и од Германија, Хрватска, Италија, Чешка и Велика Британија, со значителни донации од сојузниците.

Тој потсети на неодамна потпишаната декларација за одбранбена соработка помеѓу Косово, Албанија и Хрватска, нагласувајќи дека договорот не е насочен против ниту една земја. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3