Фудбал
Аморим статистички најнеуспешен тренер на Манчестер јунајтед
Португалскиот стратег Рубен Аморим, кому денеска му беше врачен отказ на клупата на Манчестер јунајтед, го напушта „Олд Трафорд“ како статистички најнеуспешниот тренер во ерата по Алекс Фергусон.
Јунјатед, под водство на 40-годишниот Аморим, ја имаше својата најлоша сезона за повеќе од половина век и не избори пласман во европските купови само втор пат за 35 години.
Португалецот е шестиот тренер на Јунајтед со долгогодишен договор, откако легендарниот Сер Алекс се пензионираше, а Аморим има убедливо најнизок процент на победи, само 36,9%.
Најуспешен беше Жозе Мурињо со 58,33 проценти од победите, по него следуваа Ерик Тен Хаг (54,69) и Оле Гунар Солскјер (54,17). Дејвид Мојс имаше 52,94 проценти, а Луј Ван Гал 52,43 проценти.
Статистички перформанси на тренерите на Манчестер Јунајтед:
58,33% – Жозе Мурињо
54,69% – Ерик Тен Хаг
54,17% – Оле Гунар Солскјер
52,94% – Дејвид Мојс
52,43% – Луј Ван Гал
36,92% – Рубен Аморим.
јануари 6, 2026


