Скопје
Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од Општина Илинден
По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од Општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.
Како што соопштија од Општината, градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, ги пречекал коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подарил празнични пакетчиња и им посакал добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата.

Тој истакнал дека го радува фактот што најмладите жители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување на православните обичаи.
-Со поддршката на ваквите традиционални настани, Општина Илинден ја потврдува својата посветеност и континуирана заложба за зачувување и негување на духовните вредности и на традицијата, додаваат од Општина Илинден.
јануари 6, 2026


