Connect with us

Фудбал

Астон Вила заинтересирана за Мармуш

Премиерлигашот Астон Вила сака да го донесе во своите редови напаѓачот на Манчестер Сити, Омар Мармуш (26), кој постигна само еден гол на 15 настапи оваа сезона, јавија денеска британските медиуми.

Мармуш само три пати се најде во почетниот состав на Сити од почетокот на сезоната, двапати во Премиер лигата и еднаш во Лигата на шампиони.

Египетскиот напаѓач го привлече вниманието на Манчестер Сити со своите одлични настапи за Ајнтрахт Франкфурт, каде што постигна 37 голови и имаше 20 асистенции на 67 натпревари. Мармуш дојде во Сити пред една година, кога англискиот клуб ја плати откупната клаузула 68 милиони евра, потпишувајќи договор до јуни 2029 година.

Мармуш има 42 настапи за репрезентацијата на Египет со кој овој месец игра на Африканскиот куп на нации во Мароко.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4