Љубов и секс
Нова година, нов почеток- прзниците како поттик за успешни љубовни врски
Според психологот Сабрина Романоф од Њујорк, успешните парови ја користат Новата година како можност да ја зајакнат врската преку разговор за заедничките вредности, очекувања и идни планови.
Романоф, која е и експерт за партнерски односи на апликацијата за запознавање „Хајли“ ( „Hily“), за Си-ЕН-Би-Си (CNBC) истакнува дека празниците се период кога луѓето прават „лична трансформација“ размислувајќи што сакаат од иднината и дали нивниот партнер се вклопува во тие планови. Според неа, најважното нешто што успешните парови го прават на почетокот на годината се сведува на еден суштински разговор во два дела: осврт на изминатата година и процена на тоа што функционирало во врската, со фокус на моментите на искреност и длабока поврзаност. Додека пак вториот дел се однесува на заеднички поглед кон иднината и на начините како односот може дополнително да се унапреди. Според неа, најважно е желбите за промени да се искажат како поттик, а не како критика.
-Наместо забелешки, разговорот треба да биде исполнет со уважавање, на пример: ‘Ми се допаѓа кога го правиш „ова“ или „tогаш се чувствувам најповрзано со тебе“, објаснува Романоф. Целта е партнерите јасно да се искажат што сакаат и каков да биде „патот“ по кој сакаат заедно да одат.
јануари 5, 2026


