Connect with us

Кошарка

Хусел: Димитријевиќ, потпиша за Баерн

Плејмејкерот на Зенит, Ненад Димитријевиќ, потпиша договор со Баерн, објави новинарот Роберт Хусел на социјалните мрежи.

– Според моите информации, трансферот на Ненад Димитријевиќ во Баерн е комплетиран. Договорот е со важност до крајот на сезоната, напиша Хусел.

Дваесет и седумгодишниот македонски кошаркар играше за Зенит од јули 2025 година. Во сезоната 2025/26, тој одигра 10 натпревари во ВТБ лигата, со просек од 11,5 поени, 2,9 скока и 5,7 асистенции.

Димитријевиќ претходно играше за Олимпија Милано, УНИКС, Валенсија и Хувентут.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4