Connect with us

Општини

Зоран Јаневски нов в.д .директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион

Со Центарот за развој на Вардарскиот регион со седиште во Велес во кој влегуваат девет општини нов вршител на должноста е Зоран Јаневски од Велес, досегашен директор на ЈП „Парк-спорт и паркинзи“.

Тој функцијата в.д директор ќе ја извршува во наредните шест месеци се’ до изборот на нов директор.

Јаневски едногласно бил избран на втората седница на Вардарскиот плански регион одржана на 24 декември во Градско.

Во изјава за МИА најави дека во наредните денови ќе ги разгледа усвоените проекти за  2026 година и дека ќе работи на обезбедување на средства за нови проекти од деветте општини од Вардарскиот плански регион.

Јаневски има дипломирано на Машинскиот факултет во Скопје. Има работено во Општина Велес и во ЈП „Парк-спорт и паркинзи“ како директор од каде ја превзема новата функција. основач е и на Здружението на граѓани „Велес бајкинг“ кое организира повеќе велосипедски тури во регионот.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1