Connect with us

Свет

Трамп ја обвини мексиканската претседателка за немоќ против картелите

 Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум дека ја изгубила контролата врз својата земја.

Во телефонско интервју за американскиот телевизиски канал Фокс њуз во врска со апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американската војска, Трамп рече дека нарко-картелите го водат Мексико, а не избраната влада.

Според него, Шајнбаум се плаши од картелите и не е во можност да преземе решителни мерки против нив.

Трамп дополнително изјави дека постојано ѝ нудел на мексиканската претседателка помош од САД за борба против картелите, што таа го одбила.

Во исто време, тој ѝ посочи дека Вашингтон може да прибегне кон построги мерки.

– Нешто ќе мора да се направи со Мексико, рече Трамп.

Американскиот претседател во моментов држи прес-конференција во врска со нападот на Венецуела и апсењето на Мадуро.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4