Connect with us

Фудбал

Реал ја следи ситуацијата на Родри во Манчестер сити

Реал Мадрид продолжува да покажува интерес за фудбалерот на Манчестер Сити, Родри.

Според  „Марка“, мадридскиот клуб ќе го следи договорот на 29-годишниот Шпанец со клубот од Премиер лигата. Неговиот актуелен договор истекува летото 2027 година.

На 1 јануари, Родри играше за Манчестер сити за прв пат од почетокот на ноември. Тој одигра 45 минути во ремито без голови со Сандерленд во 19. коло од Премиер лигата.

Родри е во Манчестер сити од 2019 година. Тој има 273 настапи, постигнувајќи 26 гола и 32 асистенции.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3