Connect with us

Скопје

По 5.000 денари за секое новороденче во Општина Бутел

Секое новороденче во општина Бутел ќе добие еднократен паричен надомест во износ од 5000 денари. Градоначалникот Дарко Костовски изрази задоволство и истакна дека предизборното ветување за финасиска поддршка од 3000 денари за новороденче, се исполнува со зголемување на помошта, во износ од 5000 денари.

– Локалната самоуправа за првпат обезбедува средства во износ од 5000 денари, како резултат на домаќинска работа и менаџирање на буџетот. Финансиската поддршка за секое новороденче е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и заложба на градоначалникот за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Покрај тоа, локалната самоуправа инвестира во инфраструктура која ќе ја подобри иднината на секое дете – се градат две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а наскоро ќе започне изградба на нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1. Општина Бутел гради и создава услови за иднина за секое семејство, се неведува во соопштението од Општина Бутел.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 5