Connect with us

Општини

Јанчев: Ски-патеката „Македонија“ во Михајлово повторно започнува со работа

Ски-патеката „Македонија“ во Михајлово повторно започнува со работа, информираат од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.  

– Зимската магија се враќа во Михајлово. Одлични вести за сите љубители на снегот и зимските уживања. По успешното отворање минатата година,
ски-патеката „Македонија“ во Михајлово повторно започнува со работа, официјално ја отвора новата зимска сезона. Патеката ќе функционира до 19 часот, а по потреба и до доцните вечерни часови. Денешниот  ден е прв ден од сезоната, подготвен за сите љубители на снегот и зимските спортови, соопштуваат од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму потсетуваат дека ова е втора зима како работи оваа скијачка патека. 

 – Втора зима по ред како Михајлово станува вистински зимски центар за сите генерации, место каде што снегот, радоста и дружењето се спојуваат во едно незаборавно искуство, истакнуваат од кабинетот на Јанчев.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4