Connect with us

Скопје

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска посетила повеќе социјално загрозени семејства на територијата на општината и им поделила пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена. Во рамки на посетата, децата од овие семејства добиле и новогодишни пакетчиња.

Како што информираат од Општина Кисела Вода, при посетите, таа истакнала дека овие семејства секогаш можат да сметаат на поддршка од општината, како и од неа лично како градоначалник, нагласувајќи дека грижата за најранливите категории граѓани не е само институционална обврска, туку и искрена човечка заложба и вредност во работењето на локалната самоуправа.

Во таа насока, посочила дека ваквите активности ќе продолжат и во текот на годината, со цел поддршката да стигне до секој граѓанин кому му е најпотребна. Симболично, настанот се одвивало на празникот Св. Игнат, празник за кој се верува дека каков ќе биде денот, таква ќе биде и целата година, па токму затоа овој ден беше посветен на хуманост и дарување.

-Цела година да си помагаме! Нема поубав начин да се започне годината од тоа да се подаде рака на некој кому му е најпотребно. Денес е Св. Игнат, а старите велат: “Каков ќе ти биде денот денес, таква ќе ти биде и целата година”. Водени од таа мисла, денес со мојот тим одлучивме денот да го поминеме во дарување. Поделивме пакети на семејства каде што помошта е навистина добредојдена. Ако денот се познава по утрото, а годината по денешниот празник, тогаш нека оваа година ни биде исполнета со хуманост, солидарност и полни срца, нагласила градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4