Connect with us

Регион

Бериша по американски напад врз Венецуела: И Албанците мора да се кренат против својот наркодиктатор, за што ќе добијат меѓународна поддршка

Лидерот на Демократската партија и поранешен претседател и премиер на Албанија, Сали Бериша, реагираше по американскиот напад врз Венецуела и апсењето на Николас Мадуро.

Во комуникација со граѓаните на Фејсбук, тој рече дека „ќе има директни последици за сите наркодиктатори во светот, вклучително и за Албанија“.

Порача дека и Албанците мора да се кренат „против својот наркодиктатор“.

– Без сомнение, ќе има директни последици за сите наркодиктатори во светот, вклучително и за Албанија. Но, ова бара, пред сè, да има целосен ефект, Албанците да се кренат против својот наркодиктатор, силно да го кренат својот глас, и јас сум апсолутно убеден дека меѓународната поддршка ќе биде целосна за албанската опозиција, рече Бериша.

По неколкуте протести одржани против Владата на премиерот Еди Рама, од кои дел и насилни, Бериша најави дека во новата година ќе продолжат „со секојдневни мирни протести, не исклучувајќи и штрајк со глад”.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4