Connect with us

Општини

Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година

Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година. За ова информираше директорката Гордана Ѓорчева – Камчева. Таа синоќа заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, го посетија првороденото бебе во оваа болница. Тоа, според директорката, значи дека гинеколошко – акушерското одделение во Болницата е на едно повисоко ниво.

-Ја враќаме довербата на пациентките, да доаѓаат во оваа болница за чинот за породување, но и за гинеколошки оперативни третмани. Да не патуваат до Скопје, да го скратат времето до исто квалитетна медицинска услуга и нега. Истото високо ниво ќе го добијат тука благодарение на нашиот тим на гинеколошко – акушерското одделение и тимот на Гинекологија и акушерство од Скопје, појасни директорката.

Притоа сподели дека гинеколошки операции во 2023 имало 59, 67 во 2024 година и 162 во годината што измина.

Оваа јавна здравствена установа е регионална и во неа здравствена заштита добиваат пациенти од четири општини. Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. Но, здравствена услуга добиваат и пациенти од поширокиот регион.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1