Connect with us

Општини

Првото бебе во Струмица во новата година е женско

Првото бебе во новата година во Струмица е женско. Тоа на свет дојде утрово во 07:20 часот, а мајката е Катерина Тодорова, докторка по професија.

Како што соопштија од Општина Струмица, бебето е родено со тежина од од 3.950 грама и должина од 52 сантиметри, а на семејството Тодорови ова им е трета рожба.

Породувањето е извршено на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ „Општа Болница Струмица“ од страна на д-р Никола Ѓузелов и дежурните медицински сестри и персонал.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4