Connect with us

Регион

НИС ќе може да работи до 23 јануари

САД ја продолжија лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија до 23 јануари, а дотогаш би можеле да бидат завршени преговорите на Гаспром со унгарскиот МОЛ за купување на рускиот мнозински удел.

Српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ објави на Инстаграм дека продолжувањето на лиценцата значи дека рафинеријата во Панчево, по 36 денови, ќе може да продолжи со работа.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе има изјава за РТС и ќе им соопшти на граѓаните подетални информации за одлуката на Вашингтон и важноста на лиценцата за работата за НИС.

Хандановиќ изјави дека во 2026 година, најважно за српската енергетска индустрија е НИС повторно да работи, како и дека во преговорите за продажба на рускиот удел во НИС со сите потенцијални купувачи, ќе биде услов – работењето на Рафинеријата.

Министерката во изјава за српски медиуми рече дека разговорите ќе продолжат со унгарски МОЛ, како потенцијален купувач.

Откако OFAC ја одобри лиценцата за НИС до 23 јануари 2026 година, ЈАНАФ објави дека се целосно подготвени веднаш да обезбедат непречен транспорт и снабдување со нафта до рафинеријата во Панчево.

Владата на Хрватска објави на X мрежата дека оваа одлука ќе овозможи понатамошно снабдување исклучиво со нафта што не е од руско потекло.

Нафтената индустрија на Србија е во мнозинска сопственост на Русија. „Гаспромњефт“ има удел од 44,85 проценти, Србија има 29,87 проценти, а „JSC Интелиџенс“ 11,3 проценти (исто така припаѓа на групацијата „Гаспром“).

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5