Connect with us

Вести

Сопругата на Мицкоски ги израдува најмалите на Клиниката за детски болести со новогодишни подароци

Сопругата на премиерот, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, денеска придружувана од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ја посети Клиниката за детски болести и со подароци ги израдува најмалите.

За време на посетата, таа се сретна со нашите најмали пациенти и им подели подароци во пресрет на новогодишните празници, внесувајќи радост и насмевки во просториите на Клиниката, велат од Клиниката.

Директорот на Клиниката, спец. д-р Реџеп Мемеди, кој ги придружуваше гостите за време на посетата, ја изрази својата благодарност за поддршката и вниманието покажано кон децата и здравствениот персонал.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 5