Connect with us

Општини

Општина Тетово со буџет од речиси 45 милиони евра за 2026 година

На седмата седница на Советот на Општина Тетово денеска беше изгласан буџетот за 2026 година, што изнесува 44 милиони и 471 илјади евра или приходи од две милијарди, 734 милиони 977 илјади и 606 денари. 

Градоначалникот Биљал Касами во изјава за медиумите оцени дека стануба збор за развоен буџет од кој половина од средствата ќе бидат за капитални инвестиции, па најави дека ќе се градат нови училишта, патишта, водоводи и слични проекти. 

-Во Тетово ќе има подобри услови за живот за сите граѓани. Буџетот  е во висина од 44,5 милиони евра, за прв пат буџет со овој обем, оваа големина од кои над 17 милиони евра ќе бидат инвестирани за капитални проекти. Приходите ќе се остваруваат од сопствените извори на општината, од блок дотации согласно законот за ингеренциите во  образованието, противпожарната единица и во другите области, како и проектите кои се кофинансираат со т н. Унгарски кредит, рече Касами.

Советникот Агрон Арифи од „Подобро за Тетово“ во изјава за медиумите рече дека иако има зголемување на буџетот тоа, според него, не е реална состојба.

-Тие се инвестиции што веќе се направени во 2025 и фактички ќе ги платиме ние граѓаните во 2026, што е доказ дека сите инвестици во 2025 се инвестиции во текот на изборната кампања. Друга забелешка е дека има во буџетот предвидени околу 570 илјади евра за привремени вработувања. Акумулативно ако ги собереме од оваа гарнитура околу 2,5 милиони евра од граѓаните на Тетово одат за партиски вработувања, рече Арифи.

Текот на седницата до петтата точка кога се гласаше буџетот тешко се следеше поради технички проблеми во системот на симултан превод од албански на македонски јазик.

– Во Тетово се гради на секој чекор и треба да има повеќе приходи од даноци. Ова не е буџет за развој, најголем дел е за плати, дефицит од десет милиои и 80 % од приходите доаѓаат од државата, оцени советникот Боби Илиевски од Левица.

-Вештачки золемени приходи не даваат реална слика за состојбата со буџетот, рече советникот Живе Алексовски од СДСМ.

Градоначалникот Касами рече дека во Општина Тетово нема ниту едно фиктивно вработување, а потребата за привремени вработувања ја објасни како потреба за ангажирање на кадар што го нема во локалната самоуправа.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 1