Connect with us

Кошарка

Детроит ги победи Лејкерси на гостински терен, Канингем и Дончиќ постигнаа дабл-дабл

Детроит ги победи Лејкерси на гостински терен во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата со 128:106.

Најдобар стрелец на натпреварот кошаркарот на домашниот тим Лука Дончиќ, кој имаше дабл-дабл со 30 поени, 5 скока и 11 асистенции. За гостите, бекот Кејд Канингем имаше дабл-дабл со 27 поени, 5 скока и 11 асистенции.

Детроит е лидер на табелата во Источната конференција со 25 победи во 33 натпревари, додека тимот од Лос Анџелес е на петтото место на Запад со 20 победи во 31 натпревар.

На другите натпревари играни ноќта вторник кон среда постигнати се следниве резултати:
Мемфис – Филаделфија 136:139 (по продолжение)
Јута – Бостон 119:129
ЛА Клиперс – Сакраменто 131:90.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1