Connect with us

Општини

Во Гевгелија започна изградбата на нов парк со детска зона

Новиот јавен простор се гради во непосредна близина на станбениот комплекс кај булевар „Гевгелија“ и крстосницата со улица „Деко Ковачев“. Проектот треба да обезбеди функционален, безбеден и модерен простор за игра на децата, рекреација и одмор за сите граѓани, како и да го збогати зеленилото во градот, објавија од локалната самопуправа.

Во објавата на општинската фејсбук страница се наведува дека градоначалникот на Андон Сарамандов извршил увид во отпочнатите градежни работи.

-Како градоначалник, водејќи се од секојдневните потреби на денешното живеење, а притоа детектирајќи го недостигот на модерно уредени зелени површини и содржини за деца, континуирано работиме на создавање нови паркови и јавни простори кои ќе бидат функционални, безбедни и во функција на граѓаните, се наведува во пренесената изјава на гевгелискиот градоначалник.

Изградбата на паркот, која се очекува да биде завршена до почетокот на пролетта, опфаќа детско катче со реквизити за игра и забавни активности за најмладите, нови пешачки патеки од павер елементи за безбедно и лесно движење, урбана опрема за одмор и рекреација- вклучувајќи клупи, држачи за велосипеди и други елементи за удобност на посетителите, модерно осветлување за создавање безбедна и пријатна атмосфера во вечерните часови и хортикултурно уредување со систем за наводнување за одржување на зеленилото и подобрување на естетскиот изглед на просторот.

Покрај постоечките дрвја, во паркот ќе бидат засадени и нови садници, со што се овозможува создавање на уште еден уреден и зелен јавен простор кој директно придонесува за подобрување на животната средина и квалитетот на живот во општината.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4