Општини
Средба на кочанскиот градоначалник Грозданов со заменик-министерката Трајков
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, денеска оствари работна средба со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на која разговараа за продлабочување на соработката за надминување на последиците од големата трагедија што го погоди Кочани.
-Во фокусот на разговорите беа мерките и активностите за институционална поддршка на семејствата на настраданите, како и координираниот пристап на локалната и на централната власт во обезбедувањето помош во овој исклучително чувствителен период, потенцираат од локалната самоуправа.
На средбата беше истакната заедничката заложба за хуман, одговорен и континуиран пристап кон потребите на погодените семејства.
Општина Кочани и надлежните институции ќе продолжат со меѓусебна соработка, со цел обезбедување конкретна и долгорочна поддршка за заедницата, со посебен акцент на солидарноста, грижата и човечноста, стои во соопштението на Општината.
декември 30, 2025


